Полициски службеник денеска колабирал по вакцинирањето во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Од Итната помош за „Телма“ изјавиле дека станува збор за паника и исцрпеност кај припадникот на МВР.
Инаку денеска вработени во МВР и АРМ, медицински лица новинари и вработени во медиуми, во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП Скопје, пожарникарите, воспитувачки во градинките и вработените се вакцинираат во салата „Борис Трајковски“ како дел од масовната вакцинација против Ковид 19.
Вакцинацијата се одвиваше со руската вакцина „Спутник В“.