Утрово полицијата врши претреси и апси криумчари на артефакти во тетовско и битолско, дознаваме од извори во истрагата. Според нашите извори, до сега уапсени се осум лица поради соменение за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, а пронајдени се и повеќе предмети. Од Министерството за внатрешни работи само потврдуваат дека во тек е акција, а повеќе детали најавуваат во текот на денот.