На улиците во Нови Пазар од утринава видливо е зголемено присуството на полицијата и патролите на жандармеријата со што МВР Србија, експресно ѝ стави крај на неповолната безбедносната  ситуација по  жителите на овој град.

Граѓаните на Нови Пазар сега можат да се релаксираат и слободно да излезат на улиците, особено по пукањето во кое беше ранет маж, но и случаен минувач – невина жена, која одела во градинка да си го земе детето.

По низата нинциденти во Нови Пазар, Министерството за внатрешни работи реагираше брзо и го зголеми присуството на полицијата и жандармеријата во овој град со цел веднаш да се подобри безбедносната состојба.

Синоќа министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, беше дециден, нагласувајќи дека државата нема да дозволи судири меѓу криминалните банди во Нови Пазар.

Тој најави засилени активности на полицијата и на жандармеријата, што денес може да се виде на улиците на Нови Пазар.

„Граѓаните на Нови Пазар не заслужуваат да живеат во град каде што се убива, каде што може да носите оружје неказнето, да пукате, каде што може да го прекршите законот. Законот е ист за секого, во секој дел на Република Србија и ги штити сите наши граѓани и го штити целиот наш народ“,  истакна министерот Вулин по средбата со началникот и раководителите на полициската управа во Нови Пазар.

Министерот Вулин рече дека е вознемирен и загрижен за настаните во Нови Пазар и посочи дека меѓусебното пресметување на криминалците не смее да биде можно, тоа не смее да се случи во Нови Пазар и во кој било дел од нашата Република.

„Присуството на полицијата ќе биде далеку повидливо и посилно од утре изутрина. Ќе дојде и жандармеријата од Краљево. Сите оние кои се членови на криминални структури ќе бидат специјално третирани и под наше будно внимание. Нема да има место за нив во овој град “, истакна министерот Вулин. Сите граѓани на Нови Пазар, како што нагласи, можат и мора да бидат слободни и безбедни