Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља, Марко Миљковиќ и 20 други осомничени членови на нивната криминална група, биле под мерки за надзор и прислушување шест месеци, дознава „Блиц“.
Според информациите на Блиц, точно половина година припадниците на безбедносните служби го следеле секој чекор на Беливук. Нивните разговори биле пресретнати, па полицијата можела да собира докази против нив врз основа на нивната комуникација.
-Обвинителството ги стави осомничените на мерки за надзор и прислушување со цел да собере докази против нив. Нивната комуникација била пресретната, а секој чекор бил следен пред да бидат уапсени, вели изворот на „Блиц“.
Така, еден од прислушуваните разговори, кој ќе послужи како доказ во текот на постапката, е снимка од разговорот помеѓу Беливук и Марко Андриќ Кузман за планирање на убиството на Милан Лепоја од Ниш, поранешен член на бандата „Пинк Пантери“.
Како дел од истрагата против кланот досега се сослушани бројни сведоци. Поради блиски врски и соработка со Невоља, беше испрашуван и поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокез, кој одби полиграфско испитување.
Ден по сослушувањето на Кокез, и поранешната државна секретарка на Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ била донесена во Службата за борба против организираниот криминал. Исто така, беа сослушани старлетите Тијана Ајфон и Мими Оро. Како дел од истрагата против Беливук, на распит беше и поранешниот потпретседател на фудбалскиот клуб Партизан, Владимир Вулетиќ.