Сообраќајната полиција денеска казнила пратеник затоа што додека возел на патот Куманово-Скопје, зборел на мобилен телефон.
МВР соопшти дека полициски службеници од СВР Скопје му врачиле платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта во Република Северна Македонија“, велат од полиција.