50-годишен маж од Полска успеал да го положи тестот за возачкиот испит, по 192 обид во последните 17 години.

Анонимниот граѓанин на малото гратче Пјотрков Трибуналски во близина на Лоѓ, моментално го држи рекордот на број на паѓања на теоретскиот дел од возачкиот испит во Полска.

Сите сакаме да го положи теоретскиот испит. Можеби, кога ќе го положи, практичниот дел ќе го помине од прва“, вели Дариуш Масцтал од локалниот центар за безбедно возење за „ТВП“.

Кога се решил дека сака да положи за возачки испит, овој несуден возач имал 33 години. Досега потрошил околу 1.300 евра на полагање. А според статистиките станува збор за еден од најдобрите испитни центри во Полска, каде повеќе од 70% од испитаниците положуваат од првпат.

Можеби би било добро да има правило во Полска што ќе му забрани на кандидатот да полага испит повеќе од 20 или 30 пати. Ако некој не ги знае правилата или не сака да ги усвои, тогаш не треба да биде дел од сообраќајот. Таквиот возач може да биде голема опасност за другите“, вели инструкторот Станислав Кобусиевич.

Инаку, теоретскиот испит во Полска во мометов се состои од 32 прашања. Максимум бодови од истите е 74, а за да положи кандидатот потребно е да има 68 поени.