Бугарската агенција за национални приходи започна истрага против поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, објави ТВ НОВА.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, поранешниот министер од владата на Бојко Борисов во моментов е под истрага како физичко лице.

„Можеби ќе треба да се проверат и неговите компании, доколку се утврди несовпаѓање помеѓу приходите и расходите“, објави Националната агенција за приходи на Бугарија.

Горанов во Бугарија се поврзува со најголемиот олигарх Делјан Пеевски, кој се најде под удар на американскиот закон насочен против корупцијата.