По изјавата на Зоран Заев за оставка од претседателското место во СДСМ, на социјалната мрежа Фејсбук членови на партијата објавуваат статуси и коментари со поддршка и неприфаќање на оставката од лидерската позиција во СДСМ:

„Јас Мартин Костовски претседател на ОО СДСМ-Куманово, од денеска покренувам иницијатива кај сите социјалдемократи во државата за поддршка на претседателот Зоран Заев. Недвосмислена и безрезервна поддршка да остане на лидерската позиција во СДСМ

Искрено и чесно, одговорно и храбро, многу дадовме за овие 5 години за Македонија, за СДСМ„!