Мртво тело на човек е откриено во стан во Осло девет години по неговата смрт, објави норвешката полиција.
Како што пренесува Гардијан, телото било откриено од домарот во декември. Покојникот имал 60 години, се женел неколку пати и имал деца. Соседите рекле дека тој бил повлечен и оти кога престанале да го среќаваат, помислиле дека се преселил или бил сместен во институција.
– Advertisement –
Телото е пронајдено кога домарот побарал од полицијата да го отвори станот за да може да изврши дел од тековните активности за одржување на зградата. Полицијата верува дека човекот починал во април 2011 година, врз основа на амбалажата од млеко и писмото пронајдено во неговиот стан.
Аутопсијата покажа дека тој починал од природна смрт. Исплатата на неговата пензија била суспендирана во 2018 година, кога властите не можеле да стапат во контакт со него, а сметките сè уште автоматски се плаќале од неговата банкарска сметка.