ПСЖ минатиот викенд на домашен терен го победи Лион со 2-1.

По пресвртот, парижаните успеаја да стигнат до трите бода, а херој беше Мауро Икарди, кој го постигна победничкиот гол во 92. минута.

Сепак, деталот што го одбележа овој натпревар се случи во 76. минута кога Маурисио Покетино одлучи да го извади од игра Лионел Меси, на кого потегот воопшто не му се допадна.

Меси беше лут кога го напушти теренот и одби дури и да се ракува со Покетино. Но, потоа француските медиуми објавија дека Меси чувствува болка во коленото и дека поради тоа е надвор од игра.

Сепак, многумина се сомневаат во приказната поради реакцијата на Меси и јасно е дека Аргентинецот не сакаше да го напушти теренот пред крајот на играта додека неговиот тим се обидуваше да дојде до победата.

Следниот натпревар ПСЖ го игра утре кога ќе игра против Мец во седмото коло од Лига 1, а медиумите во Франција пишуваат дека Покетино ќе му зададе нов удар на Меси.

Наводно, Покетино веќе ја донел одлуката Меси да не го започне утрешниот натпревар и дека ќе остане на клупата бидејќи на тој начин сака да покаже дека тој е тој што ги носи одлуките.

Но, „Л’Екип“ објави дека желбата на Покетинo е да го одмори Меси на утрешниот меч, по што следува натпревар против Монпелје и за седум дена натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.