Маурисио Покетино синоќа дебитираше на тренерското место во Пари Сен-Жермен со нерешени 1:1 на гостувањето кај Сент Етјен.
Овој натпревар беше прв за парижаните под водство на аргентински специјалист, претходно тимот го предводеше Томас Тухел.
– Секако, малку сум разочаран затоа што ние сме ПСЖ и мора да победиме. Но, имавме само три дена да се подготвиме. Треба да подобриме многу работи, да работиме на нив. Ова не е резултатот што го очекувавме, но јасно е дека Сент Етјен го заслужи бодот. Се обидовме да примениме различни концепти во пракса, среќен сум што играчите се обидоа да го направат тоа. Јас сум задоволен од нивните напори, став кон работата. Треба да ја подобриме играта со топка. Има многу елементи на кои треба да работиме, изјави Покетино.
ПСЖ по 18 кола е на второто место во француската Лига 1 со три бода помалку од Лион.