Манчестер јунајтед сигурно ќе го продаде Пол Погба наредното лето, пренесува британскиот „Дејли Мирор“.
Французинот со месеци го одложува потпишувањето на новиот договор, неговиот постоечки истекува за година и половина. Како што стојат работите, Погба нема да ја продолжи соработката и на „Олд Трафорд“ се свесни дека мораат да го продадат на крајот од оваа сезона доколку сакаат да добијат барем дел од 105 милиони фунти колку што му платија на Јувентус пред четири години.
Времињата се променија и тешко е да се очекува да се доближат дури до таа сума. Јунајтед активираше клаузула во договорот на Погба во октомври и автоматски го продолжи договорот за уште една година, во надеж дека ќе започне повторно да игра добро, што ќе ја зголеми неговата цена. Така и беше. Погба е една од клучните фигури во „ренесансата“ на Оле Гунар Солскјер , а првите луѓе на клубот веруваат дека сепак би можеле да добијат добра отштета за него.
Рајола најави заминување на Погба
– Треба да најдеме начин да го извлечеме од Манчестер. Неговото време помина – изјави неодамна менаџерот на Погба, Мино Рајола.
„Мирор“ пишува дека има неколку опции за Погба. Реал Мадрид сè уште е заинтересиран, но на „Сантијаго Бернабеу“ следното лето, приоритет се Килијан Мбапе и (или) Ерлинг Халанд. Погба е стара желба на Зидан, но тешко е да се очекува Флорентино Перез да му ги донесе и Мбапе и Погба во време кога Реал го гледа секое потрошено евро.
И ПСЖ го посакува, францускиот шампион кој вчера со доаѓањето на Покетино повторно имаа високи амбиции со цел да го нападне европскиот врв, а Погба можеби е токму играчот кој им недостасува на париските „светци“. Парите во ПСЖ не се проблем, но екипата има проблем што лигата не е доволно привлечна за да ги привлече најголемите суперsвезди.
Не е тајна дека Јувентус со задоволство би го вратил Погба, но Италијанците би го решиле трансферот преку некои замени. Јувентус, наводно, би го дал Пол Дибала, па дури и Кристијано Роналдо за Погба доколку е потребно.