Манчестер јунајтед во недела во рамките на 19. коло од Премиер лигата го игра најголемото дерби во англискиот фудбал против Ливерпул.
„Црвените ѓаволи“ на „Енфилд“ по подолга пауза доаѓаат како лидери на табелата со 36 бода, додека актуелниот шампион Ливерпул се наоѓа на второто место со три бода помалку.
Бидејќи станува збор за двете најтрофејни екипи во Англија, нивните меѓусебни дуели секогаш се во центарот на спортската јавност, но овој пат ситуацијата е поинаква бидејќи Јунајтед по заминувањето во пензија на сер Алекс Фергусон во 2013 година, конечно е во трката за шампионската титула. Доколку победи Јунајтед ќе му избега на лутиот ривал на шест бода, с со тоа ќе се зголеми и самодовербата.
Но, во Јунајтед се претпазливи со најавите пред дуелот, а Пол Погба вели дека неговиот тим дурни не ниту на нивото на Ливерпул.
– Нема да можеме да го кажеме тоа се додека не ја освоиме титулата. Многу напредувавме во изминатиот период и сè уште напредуваме, но имаме млад тим. Но можеме да кажеме дека сме на исто ниво со Ливерпул, тие ги освоија главните трофеи и сè уште победуваат – вели Погба кој најавува игра на победа на „Енфилд“.
– За да бидете најдобри, мора да ги победувате најдобрите, а ние сакаме да го победиме актуениот шампион. Знаеме колку добро играа последните години, ги знаеме нивните квалитети и стил на игра. Натпреварите против нив секогаш биле тешки, свесни сме колку е тешко да се победат, но мора да останеме фокусирани. Мислам дека можеме да ја освоиме титулата, но тоа може да се каже и за уште неколку екипи, не сме само ние во трката за титулата – смета Погба.