Украина нема да ги прифати условите за почеток на преговорите за прекин на војната, што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак.

Тој го отфрли предлогот на Путин, велејќи дека тоа не е сериозен обид за постигнување мировен договор и дека не е релевантен за какви било преговори.

Подољак додаде дека „нема можност да се најде компромис“ меѓу изјавите на Путин и условите за крај на војната што ги претстави Украина.