Против Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и 29 други лица припадници на нивната екипа, денеска Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение, јавуваат српските медиуми.
Повеќе од 320 страни со докази и останато обвинение се испратени во судот на потврдување, пренесуваат медиумите.
Во овој момент криминалната екипа е обвинета за пет убиства, нелегално поседување и дистрибуција на оружје и наркотици, киднапирање и силување.
Претходно, полицијата откри ДНК примероци во викендица во Ритопек во машина за мелење месо. Се работи за лица кои се водат за исчезнати, а за кои оправдано постои сомнеж дека се убиени од припадниците на кланот на Беливук.