Полска ја зајакнува безбедноста на пунктовите за вакцинација по два инциденти со подметнување пожар во еден од нив и обид на активисти против вакцини да се инфилтрираат во друг.
– За жал, овие инциденти се повторуваат, изјави премиерот Матеуш Моравецки.
– Сите ќе бидат строго казнети во согласност со сегашните прописи, а ние исто така ќе спроведуваме активности насочени кон зголемување на безбедноста на сите овие центри, рече тој.
Шефот на полицијата Јарослав Симчик рече дека бил подметнат пожар во мобилен центар за вакцинација и канцеларија што ја користи локалната епидемиолошка агенција во источниот полски град Замош. Нема жртви од пожарите.
Тој ги нарече инцидентите „крајно шокантни“ и рече дека ќе има „деноноќно“ обезбедување во центрите за вакцинација.
Владата ги охрабрува Полјаците да се вакцинираат, но стапката на вакцинација нагло забави и остана релативно ниска во јужните и источните региони на земјата. Многу места за вакцинација се затвораат поради малата побарувачка.
Речиси 50 проценти од населението е целосно вакцинирано, а анкетите покажуваат дека до една четвртина од Полјаците или се против вакцинација или се двоумат дали да ја примат.