На скопскиот плоштад во тек се подготовки за дочекот на Нова година.
Се поставува сцената на која вечерва ќе настапат повеќе домашни музички изведувачи со почеток од 20:30 часот.
Според програмата на Град Скопје на сцената прво ќе настапат „Пука Козметика“, па „ДНК“, Бени Шаќири и „Нон-стоп“, по што следуваат „Нокаут“, Наум Петрески и Зуица Лазова.