Министедрот за правда, Бојан Маричиќ, во интервју за К5, гарантира дека пописот што треба да биде спроведен напролет годинава ќе биде веродосјтоен затоа што се реализира според методологијата на ЕУРОСТАТ.
Маричиќ тврди дека собраниете податоци од пописот за лицата што живеат надвор од земјата ќе бидат вкрстени со осум бази на податоци со кои распоалага државата.
„Тие се базите на податови што ги има и МВР, Министерството за информатичко општствпо и администрација, Агенцијата за вработување, Уравата за јавни приходи, Министерството за образование и наука, Фондот за пензиско и инвлалидско осигурување, Министерството за труд и социјална политика и Државниот завод за статистика. Тој што ќе ги даде тие податоци мора да се совпаѓат со барем една од овие бази. Ако ги нема, тогаш тој случај ќе биде пријавен како сомнителен во МВР и ќе оди на понатамошна проверка“, вели за Канал 5, Маричиќ.
Според него, секој што ги дава податоците одговара со својот матичен број и сноси одговорност за дадените податоци. „Ако се утврди дека се дадени лажни податоци, за тоа панатаму има одговорност“, предупредува Матичиќ.