Епидемиологот Драган Даниловски, следејќи го примерот на Лекарската комора на Македонија, ги повика надлежните институции, стручните комисии и лекарските здруженија, да се донесе национален протокол за лекување на болни од Ковид-19.

„Што да се прави? Мораме да се разбудиме од летаргијата. Мораме да ја сопреме инерцијата која води во бездна! Мораме да покажеме дека Хипократ не сме го заборавиле!

Нека се разбудат стручните здруженија при Македонското лекарско друштво. Еснафот е на потег! Нека седнат заедно, нека ги изанализираат состојбите. Нека направат работна група составена од инфектолози, пулмолози, анестезиолози. Конечно да дојде на светло на денот национален протокол, упатство – наречете го како сакате – за третман на болни од КОВИД-19 на сите нивоа на здравствена заштита. Макар со задоцнување од петстотини дваесет и кусур дена. Подобро некогаш, отколку никогаш. А Министерството за здравство да се грижи тие протоколи да се спроведуваат стриктно од секој доктор во Македонија!

Во меѓувреме, го чекаме Годо… Се надевам, нема долго. За животи се работи!
Во продолжение, нудам на увид две упатства како урнек – едното од Светската здравствена организација и другото од Националните институти за здравје во Соединетите Американски Држави. Во ниту едно од нив не се спомнуваат антибиотици во основните протоколи, освен ако постои индикација за бактериска пневмонија!“, смета Даниловски.

Професорот ова го напиша во својата денешна колумна.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.