Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 43 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на соседно Косово, 39 км североисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Текстот Почувствуван земјотрес во Скопје и околината е превземен од МАКФАКС.