Денеска стартува првиот уписен рок за идните бруцоши на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Најголем број слободни места се нудат на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) – вкупно 1.020. На Природно-математичкиот факултет има 910 места, а на Филозофскиот факултет 800.

Иако дел од процесот се спроведува електронски, уписната постапка и оваа академска година не е целосно дигитализирана. Освен преку интернет, кандидатите мораат хартиено да ги достават потребните документи во студентските служби.

Од октомври, студентите ќе добијат нова можност – електронски да вадат потврди за редовен статус и уверенија за положени испити.

Вториот уписен рок ќе се одржи на 11 и 12 септември, а третиот на 24 септември.