Во Босна и Херцеговина денекса почна вакцинацијата против Ковид-19, а прв се вакцинираше директорот на Универзитетскиот клинички центар на Република Српска, Владо Џајиќ.

Тој и неговите колеги од здравствената установа ја примија руската вакцина „спутник V“. На првиот ден од вакцинацијата ќе бидат вакцинирани десетина здравствени работници.

Властите на РС обезбедија 2.000 дози вакцини, а вчера Владата на Србија обезбеди уште 5.000 дози за овој ентитет.

Како што најавија надлежните во оваа држава, први ќе бидат вакцинирани здравствените работници.

Сепак, во Федерацијата Босна и Херцеговина се уште нема ни една вакцина. Нејзините власти ветија дека првите вакцини набавени преку Ковакс системот ќе бидат достапни овој месец, но тоа уште не се случило.