Во салата „Борис Трајковски“ која од пред неколку дена е претворена во центар за вакцинација, почна имунизацијата на припадниците на армијата. Тие се вакцинираат со руската Спутник која е донација од Србија во 20 илјади дози. Според планот за вакцинација со оваа вакцина треба да се вакцинираат војниците, полицајците, пожарникарите, возачите на ЈСП и други. Претходно вакцинација со АстраЗенека започна на лицата постари од 77 години.