Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за правда Бојан Маричиќ по вакцинацијата на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ порачаа дека немаат никакви привилегии поради нивните функции.
„Нема привилегија во вакцинацијата. Ние не прашувавме со која вакцина ќе се вакцинираме. Не сме посебно третирани од сите останати кои денеска се вакцинираат во спортскиот центар „Борис Трајковски““, истакна Маричиќ.
Денеска воедно се вакцинираа Фатмир Битиќи, Благој Бочварски, вчера Радмила Шекеринска и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, а пред неколку дена премиерот Зоран Заев.