Компаниите што произведуваат прехранбени производи како што се маслото за јадење, леб и пекарски производи, брашно, јајца, млеко и млечни производи имаат фиксна цена на електрична енергија.

Цената на електричната енергија што ја обезбеди Владата е помалку од 100 евра за мегават час или за двојно пониска од актуелната цена на регулираниот пазар, и тоа за околу 200 компании од прехранбената индустрија.

Трендот на намалување на цените започна, резултатите ќе бидат видливи до крајот на месецов
Почна трендот на намалување на цените на одредени производи, посебно на лебот, млекото, млечните и на некои месни производи.

Млекото веќе се продава по цена од 75-76 денари за литар.

Некои производители на леб кои имаа цени над 40 денари, ги спуштија цените на 38 денари, но согласно драстично поевтината електрична енергија цените треба да одат надолу и во декеври.

– Согласно сите калкулации, ќе има дополнително намалување во наредните денови со оглед дека завршуваат сите постапки во ЕСМ продажба за склучување на договорите со компаниите прозводители на основните прехранбени производи, соопштија институциите.

Дополнителна помош и за граѓаните да се справат со економската криза
Веќе од први декември заедно со ноемвриските исплати се активира Финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци за следниве групи на граѓани

– корисници на право на социјална сигурност на стари лица;; корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост;; лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост; самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

И за невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, е предвидена финансиска поддршка по 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон.

За корисниците на право на пензија во висина до 14.000 денари е предвидено:

– финансиската поддршка од 1.500 денари, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина, не поголема од 11.525 денари месечно;

– финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно.

Финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од овој месец од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат и корисниците на право на надоместок за телесно оштетување.

Исплатите ќе се однесуваат за пензиите или поддршката за ноември, декември 2022, јануари и февруари 2023.