Во Клубот на пратеници во Скопје почна лидерската средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на која како што е најавено, тие ќе разговараат за претстојниот попис, работата на Парламентот, изборите, пандемијата, економијата, евроинтеграциите…
Заев, пред средбата, изрази очекување дека ќе најдат заеднички решенија за непречено спроведување на пописот.
Од ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на средбата брифираат дека на маса ќе се стават најжешките прашања – прашањето за влада, темата со пописот, како и дијалог за законите кои ќе значат вистински бенефит за граѓаните. Додаваат дека граѓаните од политичарите очекуваат одговорност и превземање на крупни чекори и нагласуваат дека на лидерската ВМРО-ДПМНЕ оди со искрени намери и желба да понуди решенија на граѓаните.