Почна средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која е најавено дека ќе се разговара за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа.

Со Мицкоски е и економскиот тим на партијата кој ќе го презентира планот на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на последиците од кризата. Претходно од партијата најавија дека имаат план со кој ќе се обезбеди стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и за индустријата но, исто така и затоплување на објектите и домовите кои се корисници на централното греење во Скопје, а со кој би се заштедиле 300 милиони евра.