Протестот за пресудите во случајот „Монтрум“ почна. Маршот се движи од Чаир, па до Кривичен суд, а потоа ќе продолжи според најавите до зградата на владата. Учесниците во протестот се движат под слоганот „Слобода и правда“.

Пред неколку дена Кривичниот суд осуди три лица на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро, еден доби деветгодишна затворска казна, друг шестгодишна, а еден ослободителна пресуда.