На повик на коалицијата „Србија против насилството“, пред градското собрание во Белград се собраа граѓани кои тврдат дека имало изборна кражба на вчерашното гласање.

Кандидатот за градоначалник на таа коалиција Владимир Обрадовиќ изјави дека сите биле сведоци на нерегуларностите што се случија вчера и дека нема да ги прифатат резултатите од изборите во Белград. – Подготвивме докази кои укажуваат на нерегуларности и сега ќе ги однесеме до Републичката изборна комисија со барање за поништување, истакна Обрадовиќ.

Насобраните носат антивладини транспаренти и со свирежи го изразуваат своето незадоволство.