Почна седницата на комисијата за финансирање и буџет на која се расправа по предлог законите од петтиот сет економски мерки. Поднесени се 27 амандмани од кои во најголем дел се однесуваат за продолжување на роковите за да може компаниите да аплицираат.
Роковите за аплицирање на компаниите според прифатениот амандман ќе бидат продолжени до 30 април.
Пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ побара да се додадат компаниите да добијат помош и за месеците април и мај и помошта да се исплаќа директно на трансакциите на вработените, но овие амандмани се одбиени.