Ирската комисија за заштита на податоци (ДПЦ) денеска соопшти дека почнала истрага против компанијата Фејсбук, откако беа објавени личните податоци на околу 533 милиони корисници на оваа социјална мрежа ширум светот.
Фејсбук минатата недела преку објава на блог соопшти дека „малициозни актери“ ги добиле податоците пред септември 2019 година, користејќи ранливост во алатката за синхронизација на контактите на социјалната мрежа.
ДПЦ наведе дека, имајќи ги предвид информациите обезбедени од Фејсбук, смета оти една или повеќе одредби од Општата регулатива на ЕУ за заштита на податоците (ГПДР) и Законот за заштита на податоците од 2018 година „би можеле да бидат прекршени, и дека сега се кршат по прашањето на личните податоци на корисниците на Фејсбук“.
Фејсбук сè уште ја нема коментирано истрагата.
ДПЦ е водечки регулатор на Европската унија за Фејсбук, Епл, Гугл и други технолошки гиганти.