Почна исплатата на платата на здравствените работници, информираше вчера попладне Фондот за здравствено осигурување. Исплатата ќе се врши постепено во етапи и се очекува да заврши во следните 48 часа.

ФЗОРСМ ја известува јавноста дека од вчера започна со исплата на плата на вработените во Јавните здравствени установи, и дел од нив веќе ја имаат на своите сметки, е наведено во соопштението.

Од Фондот им се заблагодаруваат на сите здравствени работници за трпението во овој период кога Фондот се соочува со сајбер напад и кога се прават максимални напори проблемот да се надмине што побргу.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.