Илјадници жители ја напуштаат областа, по апелот на прорускиот лидер, Владимир Салдо за евакуација од регионот.
Планот предвидува во наредните денови да бидат евакуирани околу 60 илјади жители и да бидат преселени на левиот брег на реката Дњепар со цел да бидат безбедни. Во меѓувреме е воведена забрана и во наредните седум дена цивили воопшто да влезат во Херсон.
Повикот за евакуација следи по евидентниот напредок на украинските сили на југ и по проценката на руските власти дека противникот наскоро планира голема контраофанзива во регионот, кој неодамна беше анектиран од Москва.