Во Владата попладнево се одржува седница на Економско-социјалниот совет на која ќе треба да се донесе одлука за висината на минималната плата.
Синдикатите сметаат дека треба да има почесто усогласување на минималната плата, а не еднаш годишно и минималната плата да ја следи инфлацијата. Синдикатите бараат и усогласување на останатите плати со растот на минималната плата.
Се очекува минималната плата од 18.000 денари да биде зголемена на околу 20.000 денари.
Усогласувањето на минималната плата се прави еднаш годишно, во март. Со измените на Законот за минимална плата, се воведоа нови критериуми согласно кои минималната плата се усогласува со 50 отсто од трошоците за живот и 50 отсто со растот на просечната плата.