Градот Скопје денеска официјално почна со демонтажа на првата од трите галии кои се наоѓаат во коритото на реката Вардар. Поточно, се демонтира галијата кај хотелот „Холидеј Ин“, и тоа од страна на ЈП „Улици и патишта“.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција рече дека станува збор за целосно демонтирање, вадење прво на надвижните ствари кои се наоѓаат внатре, а потоа целосна демонтажа на самата галија, која како постапка, Шилегов очекува дека ќе трае неколку недели.
-Со ова конечно како континуитет на политиките кои јас ги креирам како градоначалник започнуваме со едно поизразено расчистување со криминалниот и болноумниот проект „Скопје 2014“, бидејќи овие галии не се само надвор од здравата естетика, тие се де факто и опасност за граѓаните на Скопје. Имајќи предвид дека сите анализи што ги направи Градот и стручните служби на Градот од една страна, меѓутоа и студијата на УНДП зборува дека галиите во коритото на реката Вардар претставуваат сериозна опасност за потоп и евентуални поплави кои можат да наместат сериозна материјална штета и да загрозат животите на скопјани, рече Шилегов.