Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 3.608 тестирања, а регистрирани се 377 нови случаи на КОВИД-19. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт шести декември. Регистрирани сe 307 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 5.677.