Почина познатиот пејач, композитор, глумец и поет Зафир Хаџиманов. Српските медиуми јавуваат дека починал како последица од коронавирусот.
Тој беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, познат џез музичар.
Хаџиманов ги испеал познатите „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“. Во 2007 година бил промовиран за почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија.
Глумел во неколку филмови меѓу кои и „Македонска крвава свадба“ толкувајќи ја главната улога на филмот Спасе. Учествувал на многу фестивали во поранешна Југославија.