Слим Боргуд почина на 76-годишна возраст, јавуваат странските медиуми. Познатиот Формула 1 возач и тапанар на легендарниот бенд АББА, чие полно име е Карл Едвард Томи Боргуд, почина по долго и тешко боледување.

Шведскиот музичар својот најголем тркачки успех го постигна во трките со камиони. Уште од мали нозе покажа талент и за музика и за возење, а според многумина е еден од најдобрите возачи во историјата на „најбрзиот циркус во светот“. Во исто време тој беше возач на Формула 1 и играше со АББА.

Двата дела од животот на Боргуд се здружија бидејќи тој беше пријател со Бјорн Улвеус од АББА и Бени Андерсон кога тие сè уште беа во Хутанани Сингерс. По основањето на АББА, Слим беше нивен редовен тапанар. Бендот исто така му дозволи да го користи нивното име на трките.