Вработен во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ вчера починал при извршување на работата, кога го потиснал контејнер, а потоа го повлекла хидрауликата и го пригмечила. Според извори меѓу колегите на починатиот А. С. (43),  присутните работници се уште се во шок. Биле немоќни да му помогнат на колегата кого го повлекла хидрауликата за повлекување и гмечење на сметот, пренесува СДК.мк

Директорката на „Комунална хигиена“ Косана Мазнева за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди несреќата.