По кратко боледување, денеска во Скопје, на 60-годишна возраст, почина Марко Зврлевски, поранешен Јавен обвинител на Република Македонија, соопшти јавното обвинителство.
Неофицијално, Зврлевски починал поради компликации со коронавирусот.
Зврлевски беше роден на 04.12.1960 година во Дебар.
Од ноември 2009 до јануари 2013 година како Основен јавен обвинител раководеше со Основното јавно обвинителство – Скопје. Во јануари 2013 година беше именуван за Јавен обвинител на Република Македонија која функција ја извршуваше до август 2017 година.
Од 2009 до септември 2015 година беше Претседател на Здружението на јавни обвинители на Република Македонија.