Жан Пјер Адамс, поранешен француски фудбалер почина откако 39 години беше во кома. Тој почина на 73 годишна возраст, а во болница бил хоспитализиран во 1982 година за рутинска операција на коленотот. Сепак, за жал поради лекарска грешка при давањето анестезија никогаш не се разбудил.

Роден во Сенегал, Адамс одиграл 140 натпревари за Ница, а дел од кариерата помина во ПСЖ и Ним. Од 1972 до 1976 година забележа 22 настапи за француската репрезентација.

На денот на операцијата, голем дел од вработените во болницата во Лион биле во штрајк. Неговата операција сепак била закажана, при што анестезиологот во исто време се грижел за уште седуммина пациенти. Анестезиологот и специјализантот кој го надгледувал Адамс направиле низа грешки, што резултирало со срцев удар и оштетувања на мозокот. Двајцата биле казнети дури во 1990-ите и тоа со едномесечна суспензија и 750 евра.

Адамс бил отпуштен од болницата по 15 месеци и оттогаш за него се грижела неговата сопруга Бернадет во нивниот дом во Ним.