Почина пациентот кај кого беше извршена четвртата трансплатација на срце.
Оваа информација за „Утрински брифинг“ ја потврди министерот за здравство Венко Филипче.
Тој вели дека пациентот имал тешка општа состојба, иако во еден момент од лекувањето имал и флуктуација и подобрување.
„За жал, последното влошување не го преживеа. Лекарите дадоа сѐ од себе. Не е точно и не е коректно да се каже дека се потфрлува во некој дел. Инфекции во интензивните неги од тие специфични бактерии има насекаде во светот и тоа е така и кај нас. Имаме механизми кои ги користиме за тие пациенти да се излекуваат. И други пациенти со трансплантација имале таква форма на инфекција, па се излекувале“, посочи Филипче.