Џон Дејвис, еден од пејачите на популарното дуо од 1980-те години „Мили Ванили“ починал неделава како последица од коронавирусот на 66 годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Тој починал во понеделникот во Нирнберг во Германија каде долг временски период живеел и настапувал, соопшти неговата ќерка Џезмин Дејвис преку социјалните мрежи.
Неверојатно сме тажни и со скршени срца, изјавила таа за агенцијата АП.
Дејвис сепак беше заведен само како придружен вокал, но всушност тој бил водечкиот пејач на албумите на „Мили Ванили“, па затоа и беше нарекуван „вистинскиот пејач“ на групата.
Групата бргу се издигна високо во музичкиот свет, но за кратко доживеа пад.
По дебитантската песна „Girl You Know It’s True” и хитовите „Blame It On the Rain” и „Girl I’m Gonna Miss You” , Фабрис Морван и Роб Пилатус во 1989-та година освоија Греми награда. Откако беше откриено дека всушност ниту едниот од нив не пеел на албумите, на групата неколку месеци подоцна ѝ беше одземена наградата, по што значење и крај на кариерата на ова музичко дуо.