Почина пејачот Ѓоко Дончев, кој важеше за еден од најистакнатите вокали на македонската народна музика.
Тој беше присутен на македонската сцена од 25 години и со своите песни ја забавуваше целата македонска јавност и во подоцнежните години.
Во текот на неговата музичка кариера соработувал со врвни изведувачи и композитори, пеејќи голем дел од македонските фолк песни.
Донечв остави вечна трага во македонската народна музика со својата музикалност, безвременски хитови, како „Сношти Кате“, „Чуј ги куме свирачите“, „О доме мој“ и многу други.
Ѓоко Дончев е роден во Валандово, на 2 мај 1949 година, а почина во Скопје вчера, 15 јануари 2021 година.
Семејството известува дека неговиот погреб ќе се одржи утре 17 јануари, на градските гробишта во Бутел.