По долго боледување, почина нашиот колега, новинарот Тодор Пендаров. Студираше политикологија на Универзитетот во Љубљана, а потоа работеше како новинар и уредник во Радио Скопје. Во својата кариера беше дописник и од Словенија, а долгогодишната работа како новинар го донесе и во македонското собрание каде што работеше како советник за односи со јавност во кабинетот на повеќе претседатели на Собранието.
Тодор Пендаров беше одличен познавач на внатрешната политика, искрен и ценет критичар и аналитичар.