Легендарниот прв човек на Победа беше поврзан со сите успеси на клубот, омилен меѓу фудбалерите и навивачите и Прилеп и Македонија ќе го паметат како ведар заљубеник во фудбалот, на кого го посвети цел живот.
Вечерва во 73-тата година од животот почина поранешниот претседател на Победа и еден од најкултните личности во македонскиот фудбал, Александар Забрчанец – Ацуле, објави Тера.
Со Ацуле како претседател Победа двапати беше шампион и двапати вицешампион на Македонија, а го освои Купот на Македонија во сезоната 2001/02. Под негово водство Победа првпат заигра во фудбалска Европа, а своите фудбалери често ги третираше како свои деца.