Американската пејачка Мери Вилсон почина на 77 годишна возраст во нејзиниот дом, пишува „Mirror“.
Тажната вест ја потврди нејзиниот пирјател и публицист Џеј Шварц, а погребот ќе биде приватен поради пандемијата на коронавирус. Причината за нејзината смрт не е потврдена.
Мери беше позната по основањето на музичката група „The Supremes“, заедно со Дијана Рос и Флоренс Балард.
„Пионер и дива. Многу ќе ни недостасува. Шокиран сум и тажен од веста дека починал член на семејството „Motown“. Таа беше ѕвезда и со текот на годините работеше на зајакнување на наследството на „ The Supremes““, изјави Бери Горди, основач на издавачката куќа „Motown“ за која работеше Мери.
Само два дена пред нејзината смрт, Мери објави видео на нејзиниот „Јутјуб“ канал во кое кажа дека планира да објави нови песни.
Таа рече дека работи со „Universal Music“ на соло материјал, вклучувајќи го и необјавениот албум „Red Hot“ кој го снимила во 1970-тите.
„The Supremes“ беа познати по своите хитови во шеесеттите години, вклучувајќи ги песните „Baby Love“, „You Keep Hangin’ On“ „Come See About Me“.