На 84-годишна возраст почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД.
Олбрајт беше централната фигура во администрацијата на претседателот Бил Клинтон, прво како амбасадор на САД во Обединетите нации, а потоа и како шеф на американската дипломатија.
Таа се залагаше за проширување на НАТО, за интервенција на Алијансата на Балканот за да се запрат геноцидот и етничкото чистење спроведувано од Србија во БиХ и Косово, се обидуваше да го намали ширењето на нуклеарното оружје и се залагаше за човекови права и демократија ширум светот.