Американската глумица Марион Ремзи, која ја глумеше симпатичната полицајка во филмот „Полициска академија“, почина на 74-годишна возраст во Лос Анџелес, а причината за смртта не е позната, пренесува Би-би-си.

Марион се занимаваше со глума скоро 45 години, а се истакна по специфичниот глас и комичните реплики.

„Нејзината страст за изведување беше неизмерна. Марион беше многу љубезна. Со својата појава донесуваше светлина. На сите многу ќе ни недостасува и секогаш ќе ја сакаме“, изјави нејзиниот претставник Роџер Паул во официјалното соопштение за медимите.