Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на премиерлигашот Манчестер сити, Колин Бел, почина по кратко боледување, на 75-годишна возраст, соопшти синоќа клубот.
– Колин замина мирно, по кратка болест што не беше поврзана со Ковид-19, објави Манчестер сити.
Бел во дресот на Сити одигра 492 натпревари, и иако беше играч за врска, постигна 152 голови. Според бројот на настапи е на петтото, а според постигнати голови, на четвртото место, на вечната листа на клубот од Манчестер. (МИА)